Не ги очекувавте овие цени: Ова се новите цени на горивата кој ги објави Регулаторната

 Breaking News

Не ги очекувавте овие цени: Ова се новите цени на горивата кој ги објави Регулаторната

Не ги очекувавте овие цени: Ова се новите цени на горивата кој ги објави Регулаторната
June 22
12:57 2020

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени кои ќе важат од полноќ. Три недели по ред се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати.

Согласно Методологијата за формирање на цените, оваа недела цените зголемуваат во просек за 1,96%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 15.06.2020 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 41,00 ден/лит.

Зголемувањето се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.

Related Articles