Независната пратеничка група со барање да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик

 Breaking News

Независната пратеничка група со барање да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик

Независната пратеничка група со барање да биде вклучена во преговорите за Изборниот законик
October 07
20:43 2019

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија бара да биде вклучена во преговорите за најавените промени на Изборниот законик.

Во денешното соопштение тие наведуваат дека ќе се залагаат за намалување на бројот на пратеници, за застапеност на лицата со посебни потреби на листите, за рамноправна застапеност на мажите и жените и да се изнајде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници.

Ќе бидеме конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваме нашата заложба за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе допринесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови.

Концептот за отворени листи е добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара, се вели во соопштението.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles