Невремето остави пaднaти дрвја, отkоpнати поkриви, шатори, приколки, земјоделски насади, промена не чека од викендов повторно

 Breaking News

Невремето остави пaднaти дрвја, отkоpнати поkриви, шатори, приколки, земјоделски насади, промена не чека од викендов повторно

Невремето остави пaднaти дрвја, отkоpнати поkриви, шатори, приколки, земјоделски насади, промена не чека од викендов повторно
July 11
07:30 2019

Денеска времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ индексот ќе биде 9.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Невреме проследено со силен ветер и дожд вчера попладне го зафати и охридското крајбрежје. Во автокампот Љубаништа, кај Свети Наум, уништени се дел од приколките и шаторите, ветрот корнел гранки и дрвја.

За среќа нема повредени во бесото невреме.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од силното невремето уништен е и автокампот Крани.

„Невреме со силен дожд и ветер го зафати село Крани и автокампот, како и Претор и Наколец. Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија.

Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.

Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село“, информираат од Центарот за управување со кризи, пренесе СДК.МК.

Паднати дрвја, откорнати покриви на куќи ни и штети направи страшното невреме кое ја зафати Македонија во текот на вчерашниот ден.

Најкpитично во Преспа каде беше прогласена вонредна состојба, а и Дебар. Силниот ветер уриваше дрвја, јавува Славчо Поповски.

Понатаму ќе имаме преодна стабилизација на времето но утрата ќе бидат многу посвежи кога температурите на воздухот понекаде ќе се спуштат и под 10 степени.

Во петок и сабота попладне очекуваме изолирана нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи додека повторно повеќе врнежи и значително количество на воден талог ќе имаме од недела и тоа под влијание на нова изразена влажна и нестабилна воздушна маса.

Температурите на воздухот следниот период ќе бидат под просекот за овој дел од годината и на многу места ќе останат под 30 степени.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles