На овие 12 места лекарите никогаш не би отишле додека трае коронавирусот, избегнувајте ги колку можете

 Breaking News

На овие 12 места лекарите никогаш не би отишле додека трае коронавирусот, избегнувајте ги колку можете

На овие 12 места лекарите никогаш не би отишле додека трае коронавирусот, избегнувајте ги колку можете
July 06
08:14 2020

12 места каде лекарите нима да отидат додека трае коронавирусот, лекарите постојано истражуваат и предупредуваат за ризични активности што го зголемуваат ри зикот од ин фекција со ковалназараза

Лекарите Сара Кејт и Неја Вијас од Њујорк откриле на кои 12 места никогаш не би отишле, сè додека коронавирусот целосно не се смири:

Јавен тоалет – Ако можете да го избегнете овој простор, секогаш е најдобрата опција заради бактериите и вирусите што можат да бидат таму, но ако веќе мора да одите внатре, обрнете внимание колку е чисто и добро да ги измиете рацете кога излегувате, без да ја допирате рачката со гола рака.

Банка – Ако можете да направите сè по електронски пат, не заборавајте да го сторите тоа и не одете во банка затоа што парите се едни од најчистите предмети во светот и докажано е дека може да носат голем број бактерии и вируси. Поради оваа причина, најдобро е да користите картичка.

Мали ресторани – Иако нема забрани, треба да проверите дали келнерите носат заштитна опрема и масите се на соодветно растојание.

Кафулиња – Овие простори се ризични затоа што многу луѓе ги допираат површините како што се маси и столови. Во вакви простори, доста е тешко да се одржи беспрекорна хигиена, а вирусот лесно се шири на вакви простори.

Цркви – Верските објекти носат ист ризик како и другите затворени простори. Ако на крај одите во црква, ставете маска како ограничениот број посетители. Ако одите во црква, тогаш ставете маска, избегнувајте контакт со другите и држете растојание.

Теретана – Минатата година една студија покажа дека 25 проценти од површините во теретаните се позитивни на бактерии отпорни на лекови и патогени на грип. Ако одите во теретана, дезинфицирајте ги сите површини, држете растојание и добро измијте ги рацете и облеката по тренингот.

Базени – Иако нема докази дека вирусот може да се шири низ вода, количината на луѓе на неа може да биде опасна, а доколку додадете кивање, тресење на рацете, бришење на носот и потење, претпазливоста е повеќе од потребна.

СПА центри – По неколку месеци што сите ги поминавме дома, СПА центрите звучат како примамлива опција за краток одмор, но експертите велат дека посетите на овие центри се несоодветни за многумина затоа што е лесно да се заразите во нив. Особено избегнувајте сауни, бидејќи таквите простори тешко се стерилизираат и со тоа ризикот е уште поголем.

Трговски центри – И тие имаат толку многу површини што можат лесно да содржат вируси, а оние за кои никогаш не сме размислувале, како копчињата во лифтот или закачалките, се исто така потенцијален извор на инфекција. Со оглед дека станува збор за големи површини, тешко е да се задржи сè дезинфицирано цело време. Онлајн купувањето е многу побезбедно во моментот.

Концерти – Вашата идеја дека ќе задржите растојание е точна, но тешко е да се одржи на вакви места.

Кино – Како рестораните, така и кината се места на кои лекарите никогаш не би оделе во ваква ситуација. Ситуацијата е иста – вие сте премногу блиски со другите луѓе и лесно ќе стапите во контакт со нив. Наместо тоа, подобро е да гледаме филмови дома.

Забавни паркови – Повеќето седиштаза возење имаат и рачки и каиши, што е невозможно да се исчистат, освен ако не се метални.

Related Articles