Наставниците со предупредувачки штрајк на 2 септември, на училиште ќе одат но нема да држат настава

 Breaking News

Наставниците со предупредувачки штрајк на 2 септември, на училиште ќе одат но нема да држат настава

Наставниците со предупредувачки штрајк на 2 септември, на училиште ќе одат но нема да држат настава
August 29
15:42 2019

Синдикатот и Министерството за образование не отстапуваат од позициите. Штрајкот на наставниците, кој е предупредувачки, ќе трае само еден ден. Вo понеделник на 2 септември наставниците и учениците ќе одат на училиште, но нема да држат настава.

Од синдикатот признаваат дека за нив е важно да не им наштетат на децата, но и покрај тоа, велат дека владата и МОН имаат рок до крајот на септември да ги прифатат нивните барања за подобрување на социјалниот статус, пренесе Алсат.

Aрбер Адеми вели дека не треба да има штрајк зашто децата ќе трпат.

Е сега, дали треба да се организира истиот или не? Мислам дека нема причина, уште повеќе тргнувајќи од интересот на учениците, особено на тие кои за прв пат ќе седнат на школските клупи, кога се знае дека првиот училиштен ден е свечен ден за нив и нивните родители. Наставниците заслужуваат повеќе и ние правиме повеќе“, рече министерот Адеми.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles