Мицкоски открива што понатаму ако не го срушат Заев и состават нова Влада

 Breaking News

Мицкоски открива што понатаму ако не го срушат Заев и состават нова Влада

Мицкоски открива што понатаму ако не го срушат Заев и состават нова Влада
November 13
19:26 2021

Македонија повторно се најде во вистински поли тички вртлог од кој никако не успева да излезе.

Имено, по дебаклот на локалните избори и губењето на власта во главниот град Скопје, и откако на 31-ви октомври најави дека ќе поднесе оставка Зоран Заев, премиер и претседател на СДСМ, сепак се предомисли, како што и опозицијата предвиде.

Тој е сигурен дека доколку истрае на тоа, би ги загубил и парламентарните избори.

По седницата на Главниот и Извршниот одбор на СДСМ, одржани во вторникот вечерта, како оправдување за повлекување на оставката, напомена дека Одборот предложил оставката да се одложи и да се заложи за процесот на зачувување на парламентарното мнозинство.

Ова не е прв пат Зоран Заев да објави оставка и да се откаже од неа.

Имено, откако името Македонија го промени во Северна Македонија, најави оставка доколку не почнат разговори за влез во ЕУ.

Кога францускиот претседател Емануел Макрон ги блок ираше пристапните преговори за проширување на ЕУ, Зоран Заев ја повлече оставката.

Новото парламентарно мнозинство кое во петокот го договорија македонските опозициски пар тии ВМРО-ДПМНЕ, Левица, како и албанските Алијанса за Албанците и Алтернатива, со помош на претставници на владејачкото движење Беса, во Собранието поднесоа иницијатива за гласање за недоверба на владата на премиерот Зоран Заев што го сочинуваат СДСМ и ДУИ на Али Ахмети.

Иницијативата ја потпишаа 61 од вкупно 120 пратеници.

Која е политичката судбина на Македонија и дали ќе оди на предвремени парламентарни избори, дали премиерот Зоран Заев ќе го преживее гласа њето за недоверба на Владата и дали Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на најголемата опозициска партија ќе успее да формира ново парламентарно мнозинство, по што таа партија би се вратила на чело на државата и во која насока во тој случај би се движела Македонија, одговора самиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ во ексклузивно интервју за Вечерњи лист, Христијан Мицкоски реализирано на почеток од оваа недела. ИзворПРес24.

Related Articles