Мицкоски за дуелот: Едноставно се забавував додека разговарав со господинот Зоран Заев

Мицкоски на фб: Членови на извршниот комитет на партијата, членови на останатите структури на ВМРО-ДПМНЕ заедно со фондацијата Конрад Аденауер овие два дена ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму. За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите.