Мицкоски бара да се одговара за дадените ветувања кои никогаш нема да се исполнат

 Breaking News

Мицкоски бара да се одговара за дадените ветувања кои никогаш нема да се исполнат

Мицкоски бара да се одговара за дадените ветувања кои никогаш нема да се исполнат
May 23
16:29 2020

Бидете спокојни! Сето она што ВМРО-ДПМНЕ го вети, во новата влада ќе го испорача! Не само тоа, туку и сето она што пред вас беше земено како ОБВРСКА, од страна на оваа влада на СДСМ, која што е во заминување, ќе биде ИСПОЛНЕТО.

На нас ни е потребна стратегија, а не еднократни мерки. Бизнисмените ќе го добијат ветениот рамен данок од 8%.

Вработените ќе ги добијат ветените покачувања, ќе се изградат автопатите, експресните патишта, земјоделците ќе ги добијат сопствените субвенции.

Воедно, ја повикувам Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси и Антикорупциската комисија, да излезат со став за ветувањата кои никогаш нема да се исполнат, а четири пати беа изнесувани во македонската јавност, од ресорниот министер и Владата. – Напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својата фејсбук страница.

Related Articles