Митко Јанчев: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката, остава простор да се формира нова партија

 Breaking News

Митко Јанчев: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката, остава простор да се формира нова партија

Митко Јанчев: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја смени реториката и политиката, остава простор да се формира нова партија
October 04
17:54 2019

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за Фактор кажа дека не сака да го погази или да го збуни членството во ВМРО-ДПМНЕ, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смеми политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.

За раководството на ВМРО-ДПМНЕ смета дека им биле потребни жртви по успешното гласање во Собранието на уставните измени, па затоа и се обиделе да го стават во кошот со осумтемина пратеници кои ги етикетираа, но тоа не им успеало. За Преспанскиот договор вели дека бил храбар потег, за кој му честита на премиерот Зоран Заев.

Јас лично, до овој момент немам никакви преговори или договри за правење на нов концепт или нова партија, но пак ќе кажам, доколку не успееме да се соединиме и да направиме тоа што треба, не ја затворам можноста за понатамошно дејствие во тој поглед.

Меѓутоа ако ситуацијата налага да не се вразумиме како партија или не стигнеме до нешто што треба да стигнеме, тогаш има простор да се размислува, доколку и сакам да влегувам понатаму во политичките дејствија, бидејќи јас сепак сум градоначалник, со мандат и функција од ВМРО-ДПМНЕ…вели Јанчев. Целото интервју прочитајте го ОВДЕ.

Related Articles