Милчин: Паднаа јапонските цреши, соголена е најубавата улица без најава

 Breaking News

Милчин: Паднаа јапонските цреши, соголена е најубавата улица без најава

Милчин: Паднаа јапонските цреши, соголена е најубавата улица без најава
November 16
20:57 2019

Паднаа јапонските цреши. Сабајлево. Соголена е најубавата улица. Горки. Без најава. Прашувам еден од работниците кој им наредил да сечат, ми вели: Зоран Заев. Градоначалникот Богдановиќ ми вели дека дрвјата биле болни и дека ќе насаделе нови! Пролетоска речиси сите процутеа… “Вишновата градина” од Чехов завршува со сечење на вишните кои му пречат на новопечениот богаташ Лопахин, претходник на Азманов и сличните нему. Црешите паднаа, монструмот на НАСТЕЛ се крена. Затоа не верувам дека црешите биле болни и дека ќе насаделе нови. Колку грд ден! “Варвари” од Максим Горки на улицата “Максим Горки”. И насекаде околу нас – Напиша Владимир Милчин на својот фејсбук профил.

Related Articles