Милошоски: Заев ни најави дека за десетина дена Катица Јанева се сели во домашен притвор

 Breaking News

Милошоски: Заев ни најави дека за десетина дена Катица Јанева се сели во домашен притвор

Милошоски: Заев ни најави дека за десетина дена Катица Јанева се сели во домашен притвор
September 12
19:51 2019

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, изјави дека премиерот Зоран Заев на вчерашната лидерска средба најавил дека Катица Јанева за десетина дена од Шутка ќе се префрли во куќен притвор.

Како може премиерот да ги знае одлуките на Судот пред да бидат донесени, праша Милошоски.

Тој посочи дека власта првично се согласила опозицијата да го предложи шефот на новото обвинителство за организиран криминал, но, како што рече, преговорите пропаднале кога било побарано ова обвинителство да го преземе случајот „Рекет“.

Јасна е спрегата меѓу владата, обвинителството, судовите и Катица Јанева. Власта ќе направи се случајот „Рекет“ да не дојде во рацете на независен обвинител, обвини пратеникот.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles