Мила Царовска: Сите учебници ќе бидат понудени и во аудио формат,седењето на социјалните мрежи го заменуваме со насочување на вниманието на продуктивни содржини

 Breaking News

April 21
19:37 2021

Ја бришеме сликата кога во медиумите кружеа нелогични текстови од неквалитетните учебници. На мое огромно задоволство преку новиот Закон за учебници ќе зборуваме само за квалитет.

За прв пат поставуваме филтри кои обезбедуваат квалитет преку комисии составени од наставници со искуство повеќе од 10 години.

За првпат нудиме и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници следејќи ги позитивните примери во Хрватска, Словенија и Естонија.

Истите ги воведуваме етапно, за учениците од прво до трето хартиени учебници, а за четвртоодделенците дигитални.

Сите учебници ќе бидат понудени и во аудио формат, додека за учениците со оштетен вид ќе бидат печатени на Брајово писмо.

Непродуктивното седење на социјалните мрежи го заменуваме со насочување на вниманието на продуктивни содржини кои поттикнуваат истражување и анализирање.

Инвестиција во образование е инвестиција во иднината на државата. – Напиша на својата фејсбук страница, министерката Мила Царовска:

Related Articles