Мали се шансите исклучените пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

 Breaking News

Мали се шансите исклучените пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ пред изборите

Мали се шансите исклучените пратеници да се вратат во ВМРО-ДПМНЕ пред изборите
November 05
22:12 2019

Речиси и да нема шанси пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат назад, брифираат извори до најголемата опозициска партија, пишува Прес24. Според нив, воопшто и немало разговори на оваа тема ниту на средбата која што Мицкоски ја имал со нивната пратеничка група.

Според неофицијални информации такво расположение немало ниту на едната ниту на другата страна. Дополнително, пратеникот Зекир Рамчиловиќ денеска токму од мнозинството беше предложен за нов потпретседател на Собранието, што оние кои ја следат политичката сцена го разбираат како негово официјално преминување во коалицијата на власта, ако воопшто може да се каже и дека не бил таму, особено по уставните измени.

Зошто Рамчиловиќ се нафаќа на функцијата на само неколку месеци пред распуштањето на Собранието во собраниските кулоари е прашање кое се поврзува со предизборни калкулации но и лични прашања.

Извори од опозицијата велат дека е очекувано во овој период да почне сезоната на политички трансфери и пазарења, каде не се исклучува да бидат вклучени и пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, а имаат амбиција да се најдат на некоја од кандидатските листи. Иако лидерот Мицкоски на една прес конференција рече дека никогаш не треба да се каже никогаш во политиката, сепак, висок функционер од опозицијата вели дека разликите меѓу нив и сега веќе поранешните сопартијци остануваат длабоки. Извор: Прес24.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles