Македонците ќе можат да paботат во Германија, но доколку имате над 45 години има посебни услови

 Breaking News

Македонците ќе можат да paботат во Германија, но доколку имате над 45 години има посебни услови

Македонците ќе можат да paботат во Германија, но доколку имате над 45 години има посебни услови
March 03
17:14 2020

Македонските државјани од март годинава ќе можат и со македонски пасош и државјанство да работат во Германија. Новиот закон за работа во Германија е и карактеристичен со тоа што доколку имате над 45 години има посебни услови. Овие услови се заострени со новиот закон за странски државјани на таа возраст.

За да добијат дозвола за престој и работа, тие мора да докажат дека ќе заработуваат најмалку 3.685 евра бруто месечна плата, или дека веќе стекнале пензија или имаат средства да ги исполнат основните трошоци за живот, за да не станат товар на државата во старост.

Во однос на јазикот, главно се очекува напредно знаење кое одговара на Б1-ниво на заедничката европска референтна рамка за јазици, што претпоставува можност за учество во разговори на познати теми или за деловно работење, разбирање на емисиите на радио или телевизија и снаоѓање во странска земја.

Според новиот закон, на работниците од земји кои не се членки на ЕУ, во иднина во Германија ќе им бидат достапни сите работни места за кои се квалификувани, а не само оние кои биле прогласени за дефицитарни од германските институции и за кои нема кандидати од Германија или земји од ЕУ. како што беше случај досега.

Related Articles