Македонија во првите во Европа: 180 нови случаи на коронавирусот за денес во 14 градови

Денеска, 5 јуни 2020 година, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на коронавирусот во Македонија.
По градови листата изгледа вака: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4.
Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје 1158, активни 552 Куманово 526, активни 110 Дебар 52, активни 1 Штип 142, активни 104 Прилеп 217, активни 31 Тетово 257, активни 100 Струга 91, активни 19 Велес 138, активни 28 Битола 29, активни 3 Охрид 25, активни 8.
Кавадарци 6, активни 1 Гостивар 41, активни 20 Гевгелија 6, активни 2 Струмица 5, активни 3 Крива Паланка 6, активни 0 Радовиш 4, активни 0 Крушево 3, активни 0 Кочани 41, активни 10 Пробиштип 5, активни 3 Демир Хисар 1, активни 0.
Македонски Брод 2, активни 0 Пехчево 3, активни 0 Берово 2, активни 1 Валандово 3, активни 2 Виница 3, активни 1 Делчево 1, активни 0 Кратово 3, активни 1 Свети Николе 3, активни 3 Кичево 3, активни 1 Неготино 14, активни 5 (*8 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Направените 1272 теста се преку: ИЈЗ –604, ЦЈЗ Скопје-56, Авицена –136, Биотек -119, Жан Митрев (Филип Втори) –155, Систина со PCR метода –111 и МАНУ -91.
Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на коронавирусот.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на коронавирусот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на коронавирусот.