Латас: Цела Европа ги гледаше македонските знамиња… Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје

 Breaking News

Латас: Цела Европа ги гледаше македонските знамиња… Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје

Латас: Цела Европа ги гледаше македонските знамиња… Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје
June 07
21:14 2019

Вардар е европски шампион. Повторно. Цела Европа ги гледаше македонските знамиња на победничкиот пиедестал, и македонската публика дојдена во Келн за поддршка. Поубава препорака и промоција за Македонија, здравје.

Вардар е чудо. Тим кој не примил плата осум месеци се испрси и победи против оние кои пливаат во пари. Победа извлечена од срцето на тие млади луѓе на кои, во најголем дел, ова им е последен настап за Вардар бидејќи мораат да заминат. Авторот на ова македонско чудо, Сергеј Самсоненко, објави дека не е веќе платежно моќен да го издржува клубот. Дека сите играчи можат да си заминат.

Овие што сега владеат направија се што можат Самсоненко да падне во бизнисот. Да замине, затоа што е Рус што гради руска православна црква а не дивоградба минаре како во Охрид, затоа што не е под нивна контрола, затоа што успехот кој го постигнува со години е заедно со Комитите кои и викендов, во Келн, носеа транспаренти: Македонија секогаш, Северна никогаш… затоа МТВ и не смееше да го пренесува финалето во кое Вардар победи. Да не ги ремети Северџаните.

Вардар е култ. Неговата химна е: Ој Вардаре македонски, ти ја красиш Македонија… тоа е опасност за власта, провокација за Северџаните. Тоа е нешто што мора да згасне. А кога ќе згасне и тоа, што ќе ни дадат за замена. Ништо, како и секогаш. Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

Related Articles