Ларис Гајсер за Сител: Утре следува нова сторија и се ќе биде појасно (Видео)

 Breaking News

Ларис Гајсер за Сител: Утре следува нова сторија и се ќе биде појасно (Видео)

Ларис Гајсер за Сител: Утре следува нова сторија и се ќе биде појасно (Видео)
August 08
23:04 2019

Нови детали за случајот Pekeт утре ќе бидат објавени во италијанскиот весник Лаверита по снимката денеска на која се гледа како Боки 13 и Кичеец земаат цела торба пари кај Камчев, каде според пресметките напишани на хартија има 1.000.000 евра.

Уште утре следува нова сторија и се ќе биде појасно. Откако ќе ја завршам сторијата, целосно ќе ви бидам на располагање во следните денови.

Благодарам на разбирањето. Ваш Ларис, вели тој за Сител.

Гајсер не открива со што ќе ја шокира публиката и ни најави екслузивна изјава откако ќе ја заврши сторијата.

Екслузивата тој ја најавил вчера попладне со фотографија на која пишува Writing Balkan’s history…new thunderstorms on the horizon Се пишува историја на Балканот… нови громови на хоризонтот.

Авторот на текстот во италијанскиот весник Лаверита потекнува од Птуј Словенија и е геополитички аналитичар кој дипломирал на правниот факултет во Верона а специјализирал на Политехничкиот Универзитет Англија во Велика Британија и во ОН.

Магистрирал меѓународни односи во дипломатија на Институт во Милано. Ларис Гаисер е менаџер и економски консултант.

Неговата ориентација е реал политиката и е поборник на демократијата како средство за регулирање на меѓународните односи во модерните времиња.

Бил советник во словенечкото МНР, раководел со финансиите на Евро медитеранскиот универзитет ЕМУНИ а во 2015 бил избран во претседателството на Паневропсската унија во Стразбур.

Related Articles