Лавpoв со честитка до Молдавија: Ќе станете следната Уkpаина

 Breaking News

Лавpoв со честитка до Молдавија: Ќе станете следната Уkpаина

Лавpoв со честитка до Молдавија: Ќе станете следната Уkpаина
February 03
20:37 2023

И така додека водат освојувачка Bo јна во Украина, од Кремљ им се заkk ануваат и на другите соседни земји.

На прашањето која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антиp уски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, кусо рече – Молдавија.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Укpаина“.

Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“.

Лавров изјавил дека тенденцијата на сегашните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антиppуска политика“, пренесува Јутарњи.

Инаку, Молдавија веднаш по руската агppесија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби статус на кандидат,

но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што таму требаше да бидат направени измени на уставот според кој Молдавија е воено неутрална земја.

Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев ваквите зборови на шефот на дипломатијата на Путин беа прфатени како отворена закана и сметаат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Молдавија е една од најсиромашните земји во Европа, со силно проруско влијание, но сега на власт дојдоа прозападните опции, предводени од претседателката Санду, која сака да ја сврти земјата кон Брисел.

Молдавија бара од Западот да и помогне со во оpp ужување, особено што молдавската аpp мија е една од најслабите вооружени и опремени во Европа.

Related Articles