Кој е Камчев, новиот пратеник кој доаѓа на местото на Груевски

 Breaking News

Кој е Камчев, новиот пратеник кој доаѓа на местото на Груевски

Кој е Камчев, новиот пратеник кој доаѓа на местото на Груевски
June 11
17:18 2019

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ги констатираше оставките на пратеникот Павле Богоевски и пратеникот во бегство Никола Груевски.

Ѓоко Камчев е нов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието откако беше констатирана оставката на екс лидерот на партијата, Никола Груевски.

Тој е член на ВМРО-ДПМНЕ и доаѓа од Валандово. Роден е на 4.10.1975 и беше пратеник од оваа партија во периодот од 2014-2016 година.

Камчев по професија е Дипломиран политиколог, а завршил на Правниот факултет.

Како пратеник од 2014-2016 година бил член на собраниските комисии за надворешна политика и локална самоуправа, како и заменик член на комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

Груевски за оставката информираше преку Фејсбук неодамна.

Видлива е стратегијата на СДСМ своите секојдневни неуспеси, криминал, масовна корупција, бројни неостварени ветувања, непотизам, и огромен број други слабости да се обидува да ги прикрива преку наметнување на лaжни информации и тези со очигледна понатамошна опседнатост со мене.

Опсесијата со мене ја натера власта набрзина и хистерично да менува закони, деловник за работа на парламентот и вообичаената пракса на работа во парламентот само за да ги задоволат своите лични фрустрации,комплекси и опседнатост со мене до степен на ,,кошмар,,, како и потребата со лaжна пропаганда да ги задскриваат своите катастрофални и ненародни политики.

Дојдоа до степен на секретарката во парламентот да и забрануваат да ме пријави како оправдано отсутен.

Оттука, одлучив да се повлечам од пратеничката функција а за истото формално правно парламентот ќе го известам во наредните денови.

Им благодарам на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржаа на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнаа на притисоците.

Посебно благодарност до илјадниците граѓани кои на различни начини, преку лични контакти или преку социјалните мрежи во изминатите денови ми даваа огромна подршка и покрај сиот притисок и неправди, покрај сите лaжни пропаганди и лични ризици, покажаа дека чувството за правда и правичност, отпор, неприфаќање и бунтовност пред неправдата, останува водилка на македонскиот народ и граѓани, колку и инсталиранста власт да промовира поинакви и спротивни на овие вредности.

Да живее Македонија!

Related Articles