Кочо Анѓушев: Бројот на невработени константно опаѓа, ова се бројките

 Breaking News

Кочо Анѓушев: Бројот на невработени константно опаѓа, ова се бројките

Кочо Анѓушев: Бројот на невработени константно опаѓа, ова се бројките
September 07
14:22 2019

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев оцени дека и рејтинг агенциите потврдуваат дека државата запловила во мирни води и дека економијата и буџетот е стабилизиран.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска во Велес потсети на објавените податоци за раст на бруто домашниот производ во првиот квартал е 3,1 проценти, порастот на индустриското производство во јули 2019 во однос на јули 2018 за 5,8 проценти и кумулативниот раст за седумте месеци од годинава за 4,9 отсто.

Значи тоа се едни економски параметри кои рефлектираат стабилна економска политика што ја води оваа Влада и мислам дека со таква стабилна економска политика покажавме дека државата има просперитет.

Само да потсетам економијата што ја наследивме беше минус, а од пад на бруто домашниот производ во вториот квартал во 2017 година континуирано го растеме, изјави Анѓушев.

Тој информира дека бројот на невработени константно опаѓа и сега е на рекордното најниско ниво од 17,5 проценти, и дека над 54 илјади луѓе се вработени во овие две години.

Тоа што најмногу ме радува од последниот извештај на Државниот завод за статистика е тоа што бруто инвестициите во државата во вториот квартал годинава во споредба со вториот квартал лани пораснале за 11,1 проценти, а тоа значи дека има инвестиции како во индустријата, така и во градежништвото.

Ваквите проекти само ќе придонесат и кон раст на градежништвото и кон користење на капиталните инвестиции и од буџетот и надвор од буџетот, рече Анѓушев.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles