Коронавирусот стивнува кај нас, само 45 нови случаи во последните 24 часа, ова е листата со градови

 Breaking News

Коронавирусот стивнува кај нас, само 45 нови случаи во последните 24 часа, ова е листата со градови

Коронавирусот стивнува кај нас, само 45 нови случаи во последните 24 часа, ова е листата со градови
September 21
21:21 2020

Како што јавуваат од министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на Коронавирусот и тоа во следниве градови:

Скопје 10 -Куманово 4 -Штип 1 -Прилеп 1 -Тетово 5 -Гостивар 4 -Крива Паланка 1 -Радовиш 1 -Кочани 9 -Пробиштип 1 -Берово 5 -Делчево 1 -Кичево 2.

Поч инати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62г), еден од Дебар (54г), пациентка од Штип (53г), пациентка од Прилеп (66г), пациент од Кочани (66г) и еден пациент од Свети Николе (23г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од:

Скопје 24 -Куманово 8 -Дебар 4 -Штип 1 -Прилеп 6 -Тетово 2 -Струга 1 -Битола 1-Кавадарци 3 -Гостивар 7 -Гевгелија 5 -Крива Паланка 7 -Радовиш 2 -Кочани 2 -Пробиштип 1 -Пехчево 7 -Виница 4 -Свети Николе 1.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на Коронавирусот.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на Коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епи демијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на поч инати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131.

Related Articles