Конечно јавната администрација ќе се доведува во ред, ќе се крати и од пapи и од пpaва

 Breaking News

Конечно јавната администрација ќе се доведува во ред, ќе се крати и од пapи и од пpaва

Конечно јавната администрација ќе се доведува во ред, ќе се крати и од пapи и од пpaва
October 16
08:25 2022

Како што јавува СлободенПечат, Надлежни институции се задолжија да предложат нова методологија за пресметка на платите на функционерите и на вработените во јавниот сектор,

со што ќе се обезбеди реално вреднување на трудот, ќе има и нова систематизација, пополнувањето испразнети места треба да се врши најмногу до 80 проценти и тоа, пред сè,

со префрлање вработни од други институции Дел од администрацијата ќе работи од дома, ќе се намали бројот на наставници затоа што биле премногу,

ќе се кратат придобивките од колективните договори, ќе има нова методологија за пресметка на плати на функционери и на вработени во јавниот сектор, а постепено ќе се намалува и јавниот сектор со тоа што нема да се пополнат сите испразнети места.

Ова се дел од мерките и препораките за намалување на расходите во согласност со Планот за финансиска одржливост и поддршка на економскиот раст, а кој го усвои Владата на седницата на 9 октомври, пишува Слободен печат.

Слободен печат“ ексклузивно дојде до документот во кој на 12 страници освен мерките за намалување на ставката „плати и надоместоци“ за 10 проценти во 2023 година, исто така има мерки и за намалување на ставката „стоки и услуги“ за 20 проценти, како и намалување на „субвенции и трансфери“ –

исто така за 20 проценти. Рок за спроведување на овие мерки е 6 месеци, а со сите заедно треба да се заштедат 150 милиони евра годишно, пишува Слободен печат.

Кастрење на највисоките плати и укинување работни места Она што особено предизвика реакции во јавноста е најавата од Владата дека ќе има намалување на платите во јавниот сектор.

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија,

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии да предложат нова методологија за пресметка на платите на функционерите и на вработените во јавниот сектор,

со што ќе се обезбеди реално вреднување на трудот и на резултатите на избраните и именуваните лица и на другите вработни во јавниот сектор“, пишува во Документот, јавува Слободен печат.

Според овој Документ, нови правила за пресметка на плати ќе има за сите, но премиерот Димитар Ковачевски смирува дека тоа ќе биде само за платите што се значително над просечните.

Постојат претпријатија и институции каде што се креираат загуби, а треба да се покријат од Буџетот.

Затоа сметаме дека менаџмент-тимовите на тие претпријатија треба да бидат на високо одговорно ниво и да ги намалат расходите и да ги зголемат приходите.

Еден од начините за намалување на трошоците е таму каде што има плати што се далеку над просекот, тие да се намалат во услови на ваква криза – изјави Ковачевски.

Во Документот е наведено и дека ќе има нова систематизација, со што ќе се намали бројот на систематизирани работни места, а ќе се зголеми ефикасноста и продуктивноста на вработените.

Новите вработувања треба првенствено да се реализираат преку преземање вработени од други институции, при што се препорачува бројот на нови вработувања да не надмине 80 отсто од вкупниот број испразнети работни места по сите основи.

Суспендирање на колективните договори Владата ги задолжува и институциите од јавниот сектор да не склучуваат поединечни колективни договори со кои се предизвикуваат дополнителни финансиски импликации на среден рок, пишува Слободен печат.

Во однос на веќе склучените, и тие треба да се менуваат, пишува Слободен печат.

Институциите што веќе имаат склучено поединечни колективни договори да пристапат кон нивна измена, или по истекот н нивната важност да извршат ревидирање на одредбите што имаат значителни фискални импликации,

а системот на плати да го усогласат со методологијата/формулата што се применува кај административните службеници“, пишува предлагачот на мерките.

Посебно е наведено Министерството за култура во најкраток временски рок да започне постапка за склучување нов колективен договор за културата, или да подготви законски измени со кои ќе се усогласи со формулата што се применува за плати кај јавните службеници.

Инаку, единствено во Колективниот договор за културата е наведено дека платите треба да се усогласуваат со раст на минималната плата.

Синдикат на културата (СКРМ) реагираше дека Колективниот договор веќе трета година се применува и дека „во време кога ЕУ поставува стандарди за 80 отсто покриеност на правата на вработените со колективни договори,

секое менување и поистоветување со постојни нефункционални практики, кои во моментов создаваат проблеми кај различни категории вработени во јавниот сектор, се во суштина уназадување на правата на вработените“, пишува Слободен печат.

Кои ќе работат од дома, а кои не смеат да „претераат“ прекувремено? Според мерките, се препорачува работодавачите да го реорганизираат начинот на извршување на работните обврски во зависност од нивната природа и да воспостават работа од дома, до 30 отсто од вработените, со нивно ротирање, без да се наруши редовното функционирање на институцијата.

Висината на платата да биде утврдена според законските прописи и ангажманот на вработените, при што да се воспостави ефективен надзор и контрола на работењето од дома од страна на секоја институција на јавниот сектор“, пишува во Документот.

Во мерките за штедење е наведено и намалување на трошоците за прекувремена работа за најмалку 20 проценти, преку поголема контрола при одобрување на прекувремената работа за вработените,

како и користење слободни денови наместо исплата на надоместокот за прекувремена работа, првенствено кај Министерството за внатрешни работи,

Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и институти. Извор Слободен печат.

Related Articles