Конечно фатен 23 годишниот apaмија кој извршил неколку кражби по куќи и автомобили

January 27
18:07
2023
Денес (27.01.2023), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети. Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ИзворМВР.