Комплетиран составот на кабинетот на Пендаровски, познати имињата на советниците

 Breaking News

Комплетиран составот на кабинетот на Пендаровски, познати имињата на советниците

Комплетиран составот на кабинетот на Пендаровски, познати имињата на советниците
May 22
16:22 2019

Новиот претседател Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет, објави „Телма“. Според информациите на Телма од кабинетот на Пендаровски, Блерим Кољари ќе биде советник за национална безбедност, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.

Шеф на кабинетот на претседателот Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој на таа функција доаѓа од местото портпарол на влада, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска.

Како советници во кабинетот потврдени се Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов. Новинарката Катерина Цаневска ќе биде одговорна за односи со јавноста, објавува телевизијата.

Надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатија, Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски. Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска, објави Телма.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles