Колефски: Јас сум Македонец, a во Мала Преспа живеат Македонци, а не Бугари

 Breaking News

Колефски: Јас сум Македонец, a во Мала Преспа живеат Македонци, а не Бугари

Колефски: Јас сум Македонец, a во Мала Преспа живеат Македонци, а не Бугари
July 03
09:20 2019

Вистината е дека во Мала Преспа живеат Македонци, и јас сум Македонец, изјави денеска новиот градоначалник на Општина Пустец, Пале Колефски, демантирајќи дека на штотуку завршените избори упатствата меѓу Македонците биле пишувани на бугарски јазик.

Во врска со веста дека во Мала Преспа е споделено упатство за гласање за локалните избори на бугарски и на албански јазик.

Наместо на македонски и на албански јазик, одговорно тврдам дека такво упатство за време на целата кампања на локалните избори што се одржаа на 30 јуни во Мала Преспа не забележавме.

Вистината е дека во Мала Преспа живеат Македонци! Јас сум Македонец – изјави Колефски, единствен градоначалник Македонец во Албанија, избран на локалните избори одржани на 30 јуни годинава.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles