Кога купувате лубеница, ако сакате да ја купите најблагата треба да внимавате на кората

 Breaking News

Кога купувате лубеница, ако сакате да ја купите најблагата треба да внимавате на кората

Кога купувате лубеница, ако сакате да ја купите најблагата треба да внимавате на кората
June 08
14:11 2019

Постојат многу трикови со кои ќе успеете да одберете идеална лубеница. Но, за овој трик велат дека проверено успева. Една од најголемите дилеми во овие врели денови е која лубеница од многуте на пазар да се избере и која е најблага. Но, без грижи!

Постојат едноставни трикови кои ќе ви го олеснат купувањето. Избегнувајте лубеници кои имаат мека кора и бирајте ги оние кои се тешки, особено внимавајте на бојата околу дршката. Местото каде лубеницата била поврзана со своите листови додека растела може многу да ви каже за нејзината зрелост и за тоа дали е спремна за јадење или е зелена.

Овој дел треба да биде благо жолта боја, бидејќи доколку е зелена тогаш лубеницата не е рела и ќе има вкус на тиква. Доколку е претерано жолта, може да е презреана. Затоа секогаш бирајте ја онаа лубеница чија боја околу дршката е во боја на путер.

Избегнувајте лубеници кои изгледаат како гребени или имаат неправилна форма. Бирајте лубеници без меки точки и оштетувања. Зрелата лубеница е многу потешка од онаа која не е созреана. Споредете неколку лубеници со иста големина и изберете ја најтешката. Многу обожаватели на лубеници се колнат во трикот„чукање на лубеницата“. Чукнете на кората и проучете го звукот – длабок, но празен звук значи дека лубеницата е подготвена за јадење.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles