Кога забележала дека и исчезнуваат паpи од домот, поставила скpиена камеpа и го фатила pазбојникот

 Breaking News

Кога забележала дека и исчезнуваат паpи од домот, поставила скpиена камеpа и го фатила pазбојникот

Кога забележала дека и исчезнуваат паpи од домот, поставила скpиена камеpа и го фатила pазбојникот
May 22
21:01 2019

39-годишната Саманта Робсон од Велика Британија и нејзиниот сопруг 38-годишниот Марк не можеле да откријат како е можно парите постојано да им исчезнуваат од дома. За да ја открие причината, Саманта поставила камера во дневната соба и го фатила крадецот.

Се испоставило дека парите, вкупно 2.000 фунти ги земала нејзината најдобра другарка која живее недалеку од неа и на која ѝ ги доверила клучевите од својот дом. Близината ги спила Саманта и Тања Селарс која повремено се грижела за персиските мачки на својата „пријателка“.

Кога парите почнаа да исчезнуваат не мислев дека некој од дома ги зема, туку дека е некој од работа – рекла Саманта која ѝ се пожалила на пријателката, а таа ја советувала да ја напушти работата бидејќи не може да работи со „потенцијални крадци“.

Кога вистината испливала на површина, Саманта доживеала шок. -Кога ги погледнавме снимките, го видов нејзиното лице на екранот и не можев да дишам. Гледавме како ги зема парите од паричникот на нашиот син и ми се слоши – рекла Саманта. Тања Селарс во 2017 била приведена поради кражба.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles