Ковачевски се отвори: Секое утро во 6 наутро со автобус доаѓав во Скопје, одев во Кузман, во Гоце, во Медицинар, јас можам да зборувам како било во студентските домови

Премиерот Димитар Ковачевски зборуваше за студентските домови и притоа кажа дека дел од нив се во добра состојба,
а останатите што се во лоша состојба, во текот на 2023 година да бидат вклучени во планот за инвестиции.
Во однос на студентските домови, Ковачевски е дециден дека и опозицијата и претседателот на државата најмалку можат да зборуваат за оваа тема бидејќи ни едниот,
ни другиот, никогаш не влегле во студентски дом, со оглед на тоа дека се од Скопје.
Јас можам да зборувам за студирање во Скопје, бидејќи секое утро во шест наутро со автобус доаѓав во Скопје.
Предавањата и вежбите траеја до 8 навечер, и во паузите кога нема каде да одите,

одев кај Горан Георгиев од Берово во Кузман, кај Игор Георгиев од Дојран до кај Миле од Дојран во Кузман исто,
кај Рашо во Кузман, од Кавадарци, кај Игор од Прилеп во Гоце Делчев,
кај Горан во Медицинар, бидејќи кога имате три четири саати слободно,
а немате каде да одите, а времето е вакво како што е денес,
тогаш одите во Студентски дом. Така да, јас можам да зборувам, рече премиерот.