Ковачевски: Работниците ни се на прво место, просечната плата надмина 30.000 денари, пензиите со историски најголем раст

 Breaking News

Ковачевски: Работниците ни се на прво место, просечната плата надмина 30.000 денари, пензиите со историски најголем раст

Ковачевски: Работниците ни се на прво место, просечната плата надмина 30.000 денари, пензиите со историски најголем раст
June 06
21:01 2022

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи,

градоначалник на Пробиштип Драган Анастасов, во рамки на посетата на Општина Пробиштип ја посети и компанијата „Булмак 2016“, која е одличен пример за успешно работење и јасна бизнис стратегија.

Во продолжение на ова соопштение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Ковачевски во целост:

Ми претставува чест и задоволство што денес сме во Пробиштип, кој како регион историски е традиционално рударски.

Денес сме тука да го поздравиме континуираното успешно работење и заложбите на менаџментот и на сопствениците во компанијата „Булмак 2016“.

Со јасна визија и бизнис стратегија тие од рудникот „Злетово“, како фирма во стечај, за кус временски период направија успешна економска приказна.

Рудникот „Злетово“ кој е од суштинско значење за градот и околината, е место каде што се вработени 454 инженери и рудари, нешто што му даде сила и елан на овој град да оди во прогрес.

Дури и во време на криза и пандемијата со КОВИД-19, „Булмак 2016“ е вброена во најуспешните 30 компании во земјата.

Во „Злетово“ и „Тораница“ компанијата вработува околу 800 вработени.

Го зголеми производството и не само што го задржа нивото на плати туку и ги зголеми платите на вработените во однос на претходните години. Рударството е еден од главните двигатели на нашата економија.

Со преку 100 активни рудници, заедно со придружните дејности што го опслужуваат, овој секор вработува околу 10.000 луѓе и учествува со повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на Република Северна Македонија.

Во име на почит и достојно признание за тешката работа на рударите, оваа Влада го исполни нивното долгогодишно барање за намалување на старосната граница за пензионирање и исправи една голема неправда.

Со измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, сега рударите наместо на 58, правото на пензија можат да го остварат на 50 години.

Грижата за работниците и за граѓаните е на прво место на оваа Влада.

И во услови на најголема светска криза продолжуваме политики кои го поттикнуваат растот на просечната плата која надмина 30.000 денари.

Пензиите доживеаја историски најголем раст, прво преку усогласувањето направено на почетокот на годината преку менувањето на методологијата и усогласувањето кое што ќе следува во месец октомври.

Трендот на раст и развој на компанијата е значаен и за одржлив развој на градот и општината Пробиштип.

Дополнително сакам да напоменам дека „Булмак 2016“ е резултат и на добрите економски врски со соседна Бугарија, со потенцијал за дополнително унапредување.

Република Бугарија е наш шести најголем трговски партнер и имаме вкупна трговска размена од над 581 милиони евра.

Булмак 2016“ е пример за заедничка инвестициска соработка која треба да се следи.

Соседна Бугарија е меѓу десетте наши најголеми трговски партнери, како што се и соседна Грција и Србија. ИзворВЛАДА.мк.

Related Articles