Коалицијата е историски момент, граѓаните се горди што коалицираме пред избори, до 2016-та можеше да се coнува за вакво нешто

 Breaking News

Коалицијата е историски момент, граѓаните се горди што коалицираме пред избори, до 2016-та можеше да се coнува за вакво нешто

Коалицијата е историски момент, граѓаните се горди што коалицираме пред избори, до 2016-та можеше да се coнува за вакво нешто
February 28
12:01 2020

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, оценуајќи ја предизборната коалиција помеѓу СДСМ и Беса, синоќа изјави дека тоа историски момент за македонското општество. Не само јас, туку и сите во партијата и граѓаните се горди што дојдовме до овој момент да коалицираме пред избори. До 2016-та можеше само да се сонува вакво нешто, вели Зеќири.

Другите не веруваа ниту во тоа дека почнаа албански гласови да одат за македонска партија, но се случи. Ова е историски момент кога две партии од различна етничка заедница ќе настапат заеднички на избори, изјави Зеќири во емисијата Вин-вин на Телма.

Зборувајќи за очекувањата од изборните резултати Зеќири изрази увереност дека коалицијата на СДСМ ќе победи. Тој соопшти и некои детали што се случувало во Собранието кога требаше да се гласа Законот за јавно обвинителство.

За прв пат јавно ќе кажам дека пратеници на ВМРО ДППМНЕ, меѓу кои и Илија Димовски и Антонио Милошоски, трчаа низ ходниците на Собранието и убедуваа пратеници да не го гласаат Законот за јавно обвинителство. Но ние бевме решени, дека пред да се распишат изборите мораме да ги донесеме клучните закони. Како може да одиме на избори без да ги спасиме предметите на СЈО, рече Мухамед Зеќири и дополни дека такви обиди имало и од некои пратеници од ДУИ, без оглед што потоа тие гласаа за законот.

Related Articles