Калајџиев: Да се иcпита кој ја посетил Катица Јанева за да и го даде писмото

 Breaking News

Калајџиев: Да се иcпита кој ја посетил Катица Јанева за да и го даде писмото

Калајџиев: Да се иcпита кој ја посетил Катица Јанева за да и го даде писмото
September 10
19:56 2019

Дел од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство ми кажаа дека писмото на Катица Јанева за предавање на предметите на СЈО на ЈО било пишувано на компјутер и на рака.

Кој тоа ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер, на кое таа со рака нешто допишала? Ова го прашува вечерва на ТВ Телма Гордан Калајџиев, професорото по кривично право.

Kој ѝ го дал на Јанева писмото напишано на компјутер? Кој влегол и ја посетил Јанева? Тоа се знае. Се снима. Директорот на затворот во Шутка Есад Рахиќ треба да одговори на некои прашања.

Треба да се формира собраниска комисија. Кој тоа може да има компјутер во затвор? Тука нешто смрди“, изјави професорот Калајџиев. Професорот Калајџиев бара да се утврди како е дојдено до тоа писмо.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles