Каде грешиме: Нови 30 случаи на коронавирус во државава, ова се градовите

 Breaking News

Каде грешиме: Нови 30 случаи на коронавирус во државава, ова се градовите

Каде грешиме: Нови 30 случаи на коронавирус во државава, ова се градовите
May 17
14:44 2020

Како што информираат од Министерството за Здравство, во изминатите 24 часа направени се 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус и тоа во следниве градови:

Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-5, Битола-1, Охрид-1.

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-14, Прилеп-4, Тетово-3, Велес-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1792, бројката на оздравени пациенти е 1293, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 612, активни 144
Куманово – 416, активни 32
Дебар – 51, активни 0
Штип-36, активни 2

Прилеп –200, активни 64
Тетово – 143, активни 75
Струга – 69, активни 4
Велес – 119, активни 48

Битола –27, активни 8
Охрид –19, активни 4
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар –19, активни 2

Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка- 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0

Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0

Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево- 3, активни 1

Делчево-1, активни 0
Валандово -1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово-2, активни 1

Берово-1, активни 1

Направените 426 теста се преку: ИЈЗ –253, Ветеринарен ф-тет -13, Авицена –5, Биотек -48, Филип Втори (Жан Митрев) –3, Систина со PCR метода -26 и МАНУ -78. Досега во земјата се направени вкупно 21436 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 184 теста се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина се 7 пациенти и уште 1 пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Related Articles