И трета градинка затворена, вработената позитивна на коронавирусот, вратите на градинката не се отвориле

Ова се деталите за заторената трета градинка, каде воопшто не ни започнала со работа, а требала да прими 110 деца. Како што јавува Сител официјалните резултати од тестирањето покажаа дека вработената во светиниколската детска градинка Рахилка Гонева, Клон 1 е позитивна на коронавирусот.
Вработената која имала симптоми е дел од техничкиот персонал кој вршел подготовка за прием на децата во понеделникот на 7-ми септември. Врз основа на сите информации кои што ги добивме и врз основа на укажувањата, денес извршивме вонредно дезинфицирање на сите простории и дворот на градинката од страна на Центарот за јавно здр авје- Велес.
За Сител телевизија во телефонски разговор, градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски за Сител изјавил дека позитивниот резултат ја потврдил исправноста на одлуката за не започнување со работа на детската градинка, Клон 1, а додека останатите клонови извршиле прием на децата.
Исто така стапивме во контакт и со надлежните епид емиолошки служби и очекуваме најдоцна до утре да добиеме конечни епи демиолошки наоди, односно слика за тоа, дали имала вработената контакт со другите вработени, изјавил градоначалникот. Согласно алгор итамот и про токолот за работа на градинките во текот на следните денови се очекува да добијат зелено светло за редовно започнување со работа и прием на децата.