И Германија како Македонија воведува ограничување на брзината на своите автопатишта

 Breaking News

И Германија како Македонија воведува ограничување на брзината на своите автопатишта

И Германија како Македонија воведува ограничување на брзината на своите автопатишта
June 30
08:12 2019

Во Македонија на сите патишта има ограничување на брзината, сега и германскиот Autobahn кој е познат во целиот свет пред се поради делниците на кои нема ограничување на брзината на движење на автомобилите, се менува и ќе има ограничување.

На одредени делници од автопатиштата низ Германија, брзината ќе биде ограничена на само 100 km/h, но не трајно, јавува Bloomberg.

Имено, причина за воведувањето ограничување на брзината се екстремно високите температури кои може да предизвикаат пукнатини на асфалтот.

Логично, секоја поголема пукнатина станува потенцијална опасност, особено ако станува збор за пат каде што нема ограничување на брзината.

Временската прогноза за Германија вели дека овие денови температурата на воздухот може да надмине 40 целзиусови степени, а историскиот максимум од 40,3 степени е измерен во 2015 година.

Германскиот DW објави дека голем број на домашни патишта се крајно подложни на пукнатини поради високите температури, а на почетокот на месецот, кога температурите поминале 30 степени, одредени делници биле и затворени за сообраќај.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles