Истече рокот, независните носители не собраа потребни 1000 потписи, на Изборите ќе нема независни листи на пратеници

 Breaking News

March 07
22:00 2020

Истече рокот за собирање потписи за независните листи уште на полноќ и според податоците од Државната избopна комисија на претстојните парламентарни избopи ќе нема ниту една независна листа на пратеници, бидејќи не е исполнет условот за илјада потписи, потребни за кандидатите да се кандитираат.

ДИK информира дека ниту од шестмина независни носители кои се пријавија до истекот на рокот, ниту еден не собрал повеќе од 553 граѓански потписи од потребните 1000 потписи.

Најмногу потписи, 553, собра листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски, во Изборната единица 5.

Другите носители на независни листи беа Емилија Гелева, Игор Цветковски, Зоран Мијалков, Петар Котевски и Исмаил Бојда.

Related Articles