Искористете го убавото сонце уште денеска, а од утре драстична промена
May 03
07:35
2019
Денеска времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 24 Целзиусови степени, Маврово 15, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 25, Крива Паланка 20, Берово 19, Дојран 26.
Од сaбота попладне до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (околу30л/м2) и проследени со грмежи, ветер и услови за појава на град.
Во вторник поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите.