Интересно: Митко Јанчев бара промени во ВМРО-ДПМНЕ: Изгубивме четири избори по ред

 Breaking News

Интересно: Митко Јанчев бара промени во ВМРО-ДПМНЕ: Изгубивме четири избори по ред

Интересно: Митко Јанчев бара промени во ВМРО-ДПМНЕ: Изгубивме четири избори по ред
July 17
10:51 2020

Митко Јанчев, Градоначалникот на Кавадарци, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите вели дека е време за промена на раководството во патијата, јавува Макфакс.

Во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“, Јанчев вели дека ова се четврти избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, по локалните, референдумот и претседателските избори, следи и загубата на овие предвремени парламентарни избори, пипува Макфакс.

Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Преспанскиот договор. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена“, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба не е поволна како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, бидејќи и двете партии добиле мал број гласови.

Каква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“.

Градоначалникот на Кавадарци побара што поскоро да се формира влада за да може државата да функционира правилно под сите околности. ИзворМакфакс.

Related Articles