Избрани новите министри Нина Ангеловска и Хисен Џемаили, за финансии и без ресор
August 31
20:16
2019
Нина Ангеловска е нова министерка за финансии, додека Хисен Џемаили е избран за министер без ресор.
Изборот следеше по дводневна расправа на пратениците во Собранието кои во меѓувреме се препукуваа за економијата, странските инвестиции, владеењето на правото и предвремените избори.
Ангеловска беше избрана со 64 гласа ЗА, додека Џемаили со 61 глас, откако расправата беше завршена.
Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата собраниската говорница ја искористија и за меѓусебни обвинувања за тоа која партија за време на нејзиното владеење правела повеќе криманал, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ.