Иванов pacпали по Власта: Отфрлете го францускиот предлог, Македонија ќе биде втурната во бездна

July 02
15:03
2022
Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.
Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна.
Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство.
Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат.
За нив не се разговара и не се преговара.
Непокорот е единствениот излез.

Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.
Да живее Република Македонија!
Напиша на својата фејсбук страница, Ѓорге Иванов, поранешен Претседател на Република Македонија:
