Иванка Василевска: Гоце Делчев се потпишувал како Македонски Бугарин, заради конспирацијата и непречено спроведување на Автономијата на Македонија

 Breaking News

June 22
10:07 2019

Господинот Димитров, како делегиран претставник на Македонскиот народ би требало да ги знае барем основните исторски факти за државата која ја претставува. И тој и цензусниот претседател Пендаровски треба да престанат да се бламираат и да нѐ срамотат. Ѓоргија Делчев бил Македонец од Кукуш. Студирал во Бугарија и станал егзархиски учител. Тоа значи, драги мои лилипулитански докторчиња на науки и високи државни претставници, дека него платата му идела од Софија. Македонското револуционерно движење сметало на поддршката од Бугарија и ја развивало револуционерната дејност преку Воените бугарски кругови, а со логистика од Царска Русија. Вие и тие кои ве инсталираа се одравте од проекти за идентитети и процеси во Југоисточна Европа и би требало да го имате во глава барем основното. За сите детали, можете да прашате, ене отворете го Катарџиев во Време на зреење или Крсте Битовски… Македонската историска наука над седум декади ги декодираше корените на македонскиот национален идентитет. Гоце Делчев, според оригиналните факсимили кои ги работевме со Зоран Тодоровски се потпишувал на одредени места како Македонски Бугарин. Тоа го чинел заради конспирацијата и светоста на делото кое го правел и заради непречено спроведување на Автономијата на Македонија!

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles