Зоран Заев: Јас сум првиот Македонец што се бори за Албанците, имам белези на лицето, но горд сум

 Breaking News

Зоран Заев: Јас сум првиот Македонец што се бори за Албанците, имам белези на лицето, но горд сум

Зоран Заев: Јас сум првиот Македонец што се бори за Албанците, имам белези на лицето, но горд сум
November 24
19:55 2019

Јас сум првиот Македонец што се бори отворено за Албанците, имам белези на лицето, но горд сум.

Изгубив македонски гласови, но ова е иднината на оваа мултиетничка земја, изјави во ексклузивно интервју за албанската А2 CNN премиерот Зоран Заев кој сметга дека ја заслужил довербата од Албанците.

Според него, разликата со другите влади во минатото лежи во фактот дека „извршени се многу инфраструктурни интервенции, без да се праша кој живее таму, во кого имаат доверба.

Ова се случува за прв пат во Северна Македонија. Кога ги прашувате Албанците, тие јасно велат „ја сакаме оваа земја, но сега чувствуваме дека и земјата нè сака и нас.

Зошто се случува ова? Затоа што сите се третираат подеднакво.

Посочи дека на анкетите се котира „подобро од Али Ахмети, Зијадин Села, Биљал Касами, Африм Гаши и дека со некои од нив соработува.

Во интервјуто исто така кажа дека спроведувањето на ветингот е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија. Вели дека тоа не било можно, бидејќи Европа ги очекувала резултатите од ветингот во Албанија.

Јас го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители.

Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот.

Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму.

Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места, изјави Зоран Заев, Премиер.

Додаде и дека потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.

Мора да има лична одговорност, а не колективна. Во ред, направивме серија реформи.

Но, однесувањето на судиите и обвинителите не се промени како што треба. Затоа, сега зборуваме за ветинг во правда, на политичарите, раководителите на институциите. Зошто?

Затоа што тоа е добар процес на освежување и трансформирање на сите носители на одлуки, заклучи Заев.

Related Articles