Земете варена пченица, црвено вино, список со своитеУпокоени и дојдете во црквите на нашата епархија

Повардарската епархија, на чело со владиката Агатангел, денеска ги повика православните верници од местата кои се под таа епархија во петок и сабота да одат во црквите, бидејќи има за брана за одење на гробишта за Заду шница како антикорона мерка.
Со оглед на новонастанатата состојба во нашата држава, а заради пандемијата со коронавирусот, која се однесува на за браната за посетување на гробните места за денот на покојните – Ду ховденска заду шница, се известуваат и повикуваат сите верни чеда на Повардарската православна епархија од сите населени места кои се наоѓаат во нејзиниот состав.
Во деновите 05.06. 2020 (Петок) и 06.06.2020 (Сабота), во периодот од 08-14 часот, да дојдат во храмовите (дворовите на храмовите) и со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно упок оени блиски роднини и пријатели“, стои во соопштението на Епархијата.
Владата вчера ја прифати препораката на Комисијата за ЗБ и како мерка против ширењето на коронавирусот е воведен полициски час од денеска од 21 часот до понеделник до 5 часот наутро, во Скопје (сите скопски општини), во Општина Куманово, Општина Липково, Општина Штип, Општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.
Во сите останати градови полицискиот час да трае од денеска во 21 часот до петок до 5 часот наутро, додека во останатите денови ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.
Повторното воведување на рестриктивните мерки следува по зголемениот број ново дијагностицирани случаи со коронавирусот во земјава во изминатите денови.
Полициски час од 80 часа во половина Македонија, за брана за гр обишта за Заду шница
Време е за менување на свеста за заштита од коронавирусот.
Од Повардарската епархија, под која спаѓаат Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Гевгелија и околните села, повикуваат верниците масовно да одат во црква во петок и сабота.
Во населените места од Повардарската епархија, полицискиот час почнува од денеска во 21 часот до петок до 5 часот наутро, додека во останатите денови ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.
Во тој спомен (на нашите претходно упок оени) на ден 06. 06. 2020 (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Зауп окоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упо коени наши браќа и сестри во Христа“, повикуваат од епархијата.
Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на коронавирусот, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. (Слободна европа).