Зголемување на платите на есен, а по Нова Година зголемување и на пензиите, најави премиерот Заев

 Breaking News

Зголемување на платите на есен, а по Нова Година зголемување и на пензиите, најави премиерот Заев

Зголемување на платите на есен, а по Нова Година зголемување и на пензиите, најави премиерот Заев
June 26
22:16 2019

Откако ги решивме сите големи политички прашања останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна благосостојба за сите граѓани, изјави премиерот Зоран Заев, откако денеска најави дека одреден период ќе раководи и со Министерството за финансии.

Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард – изјави Заев.

Тој додаде дека наесен е можно да има ребаланс. Како што најави премиерот, од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари се очекува да се овозможи и раст на пензиите.

Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници. Од септември и на голем дел и на целата јавна администрација се качуваат платите. Сакаме да направиме квантен скок на севкупното зголемување на платите. Овде ќе преземеме одредени чекори, кои треба дефинитивно да го направат квантното чекорење кон подобро и повисоко ниво на севкупните нето плати кои се земата во Република Северна Македонија – изјави Заев. Тој изрази уверување дека до крајот на годината ќе имаат доволно финансии и капацитети за зголемување на пензиите од 1 јануари 2020 година.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles