За малку ќе останела без фискална сметка, директорката на УЈП чекала фискална, а келнерката и рекла: Де де ете ќе ти ја искуцам и ќе ти ја донесам

 Breaking News

September 03
05:55 2019

Дуректорката на УЈП Сања Лукаревска во интервју за Слободен печат вели дека келнерка на услужен објект одбила да и издаде фискална сметка, а тоа го направила дури откако инсистирала на тоа.

Ова првиот човек на Управата за јавни приходи го потврдува одговарајќи на прашањето дали имала лично такво искуство да не и се даде сметка кога требало да ја плати услугата.

Да, имам искуство со тоа. Во еден угостителски објект кога побарав сметка да платам, доаѓа личноста што не служеше и ми вели 480 денари.

Потенцирав дека сакам да ми биде донесена сметката, дури одговорот на вработената беше „Ту ту да не ме тепаш!“.

Ѝ одговорив дека не станува збор за тоа, туку Законот важи така, дека треба да се донесе фискална сметка.

На тоа вработената ми одговори – „Де де ете ќе ја искуцам и ќе ти ја донесам“.

Малку ме изиритира таа реакција и повторно реагирав и на крајот ја добив фискалната сметка, вели Лукаревска
во својот одговор.

Таа додава дека во неодамнешната акција на УЈП на фамозната Пластичарска улица, каде што јавна тајна е дека во дел функционира како „слободна зона“ кога станува збор за плаќањето даноци, објектите заклучувале кога виделе дека инспекторите упаѓаат во другите продавници.

Целиот текст прочитајте го тука.

Related Articles