Заев pacпали по градоначалниците кои му изиграваат локални шерифи

 Breaking News

Заев pacпали по градоначалниците кои му изиграваат локални шерифи

Заев pacпали по градоначалниците кои му изиграваат локални шерифи
January 18
18:55 2021

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев вели дека:

Мојата порака е таа која што секогаш ја давам, а тоа беше уште првиот момент кога најголем број од градоначалникот кандидирани и поддржани од СДСМ победија –

Да не ми изиграваат локални шерифи и достоинствено да им служат на граѓаните“, рече Заев.

Рече дека не бил запознаен со новите случувања во општината.

Оваа недела сигурно ќе реагираам зашто јас сум служител на сите наши граѓани и сакам да бидам секогаш во нивна заштита.

Секако, граѓанин е и градоначалникот, но тој извршува сериозна и одговорна функција.

Не знам детали, не можам да инсинуирам било што, но дефинитивно ќе се информирам за случајот и ќе дадам дополнително коментар, рече Заев.

Сител вчера објави дека четворица членови на Дисциплинската комисија се мета на раководството на општината и против нив се поднесени дисциплински постапки.

Претходно, телевизијата неколку пати објавуваше случаи со мобинг врз вработените.

Инаку, во општина Лозово вработени се 12 службеници, а за три години се соочиле со речиси 30 дисциплински постапки. ИзворПрес24.

Related Articles