Заев се пофали на фејсбук за новата коалиција: Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро

 Breaking News

Заев се пофали на фејсбук за новата коалиција: Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро

Заев се пофали на фејсбук за новата коалиција: Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро
February 27
17:54 2020

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на својата фејсбук страница објави фотографии од потпишувањето на коалицијата со движењето БECA. Тој на својата фејсбук страница напиша:

#СДСМ денес ја објавува предизборната коалиција со Движењето #БECA. Ова е победничка коалиција, најголема, најразнолика и најмоќна досега. Со овој наш заеднички чекор, мултиетничкиот карактер на Северна Македонија го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда.

Нашата визија за Северна Македонија е економски силна и стабилна држава, праведна земја, членка на НАТО и ЕУ.

Граѓанскиот концепт „Едно општество за сите” ги победува стереотипите. Времето на поделби заминува во историјата.

Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро!

Related Articles