Заев: СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април

 Breaking News

Заев: СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април

Заев: СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април
November 07
08:05 2019

Во пресрет на изборите на 12 април претседателот Заев вечерва на седницата на Централниот Одбор на партијата рече дека СДСМ е фаворит согласно анкетите но и теренските активности и партијата подготвена ќе влезе во изборниот процес.

Го засиливме присуството на терен, меѓу граѓаните. Само во летниот период одржавме над 600 маалски и урбани средби, во тек се трибините кои граѓаните силно ги поддржуваат.

Имаме што да кажаме затоа што имаме сработено многу во сите сегменти. Даваме отчет пред граѓаните за сработеното но и креираме нови политика.

Масовноста на овие трибини и настани на СДСМ како и сите релевантни анкети потврдуваат, СДСМ е фаворит на изборите кои ќе се одржат на 12 април, рече претседателот Зоран Заев пред членовите на ЦО.

Коментари

Њуз24 се оградува од коментарите на содржините

Related Articles