Заев од Штип: 550 евра просечна и 325 евра минимална плата до 2024 година

 Breaking News

Заев од Штип: 550 евра просечна и 325 евра минимална плата до 2024 година

Заев од Штип: 550 евра просечна и  325 евра минимална плата до 2024 година
June 28
12:51 2020

550 евра или 34000 денари, просечна плата и минимална плата од 325 евра или 20000 денари вети денеска лидерот Заев од градот под Исарот, Штип. Заев тоа го вети до крајот на мандатот на новата влада или ако победат тоа е 2024 година, тој вели дека ќе ја зголеми минималната плата на 20.000 денари, а просечната ќе изнесува 34 илјади денари.

Тој најави дека пензиите ќе се зголемуваат согласно трошоците на живот, а најниските пензии ќе се зголемат за 21 отсто до 2024 година.

Освен тоа, Заев вети и 2,2 милијарди евра јавни инвестиции и 1,2 милијарди евра директни приватни инвестиции. „Тоа ќе донесе намалување на невработеноста на ниво од 3 отсто годишно и едноцифрена невработеност до крајот на мандатот“, рече Заев.

Според него, владата на СДСМ во новиот мандат ќе изгради експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и ќе продолжи со сериозни инвестиции во гасификација.

Related Articles