Заев од Паланка: Oбезбедуваме излез на две пристаништа, Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското

 Breaking News

Заев од Паланка: Oбезбедуваме излез на две пристаништа, Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското

Заев од Паланка: Oбезбедуваме излез на две пристаништа, Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското
November 26
21:18 2020

Денеска премиерот Зоран Заев истакна дека патниот правец Крива Паланка – Деве Баир е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај, кон и од соседна Бугарија.

Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа:

Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското.

Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите.

Дел од овој процес е и доизградба на железницата на овој коридор, кој е поделен на 3 делници:

Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир“, рече премиерот Заев.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека покрај сите предизвици со ковид кризата и со наследените огромни грешки во проектите, продолжува вложувањето на квалитетно подобрување на патната мрежа и подигнување на безбедноста на патиштата на рамниште на Европската Унија.

Модернизацијата на Коридорот 8, комплетната реконструкција и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, во должина од околу 13 километри е значајна заради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија и од огромна економска важност за нашата земја“, истакна премиерот Заев на денешниот увид на работните активности каде беа присутни и заменикот на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николоски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски.

„Во реализација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 90 милиони евра за изгрaдба и модернизација на Коридор 8.

Очекуваме до 2022 година да имаме комплетно нова патна врска кон Република Бугарија, а истовремено се работи на патната врска на запад кон соседна Албанија.

Вкупниот влог во модернизација на Коридор 8 достигнува една милијарда евра“, истакна министерот Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми рече дека станува збор за реконструкција со рехабилитација и доизградба на трета лента на 13,2 км со предвидена ширина од 10,5 м. за што се издвоени се 10,16 милиони евра, обезбедени преку Европска банка за обнова и развој. ИзворВлада.мк.

Related Articles