Заев одговори: Кога дочекав Љупче Златев да ми вepувa дека ќе победиме, воопшто не ми паѓа на памет дека ќе изгубимe

 Breaking News

Заев одговори: Кога дочекав Љупче Златев да ми вepувa дека ќе победиме, воопшто не ми паѓа на памет дека ќе изгубимe

Заев одговори: Кога дочекав Љупче Златев да ми вepувa дека ќе победиме, воопшто не ми паѓа на памет дека ќе изгубимe
March 07
07:30 2020

На вчерашната прес конференција, лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев беше прашан од новинарот Љупчо Златев, со оглед на тоа што Заев верува дека ќе победат на изборите, а како што рече, и тој верува, сепак, дали ако изгубaт на претстојните парламентарни избори, е подготвен да поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ.

Првиот човек на СДСМ, малку замислено и на шега кон новинарот, расположено и насмеано одговори дека не му паѓа на памет дека ќе изгубат и дека на тој начин не размислува со ниту една ќелиja од мозокот. Еве всушност што одговори Заев:

Кога дочекав Љупче Златев да ми верува дека ќе победиме, воопшто не ми паѓа на памет дека ќе изгубимe, мислиме на победата, на вредностите, и ни една ќелија од паметот не ми помислува дека ќе изгубиме. Ќе победиме, секако народот одлучува, тој ни даде мандат, и кога ми беше дадено тоа право јас донесов одлуки.

Еве гледаме, расте економијата, земјава станува членка на НАТО, да се радуваме на убавината и демократоијата, и како ќе одлучи народот, така и ќе биде. Најважно е да има слободни и демократски избори и како ќе одлучи народот, јас сум верник и кажувам дека луѓето одлучуваат, но одлучуваат со божја промисла. Кога гледам какви се нашите мерки, а како се однесува политичкиот опнент, јасно ми е што ќе се случува во државата, рече лидерот на СДСМ, Заев.

Related Articles